Пејачот Лијам Пејн пронајден мртов
Британскиот пејач и поранешен член на поп-групата „Уан дајрекшн“ (One Direction), Лијам Пејн вчера е пронајден мртов во дворот на хотел во Буенос Аирес, Аргентина. Музичарот имаше 30 години.
Пејн наводно паднал од третиот кат во дворот на хотелот. Кусо време претходно, персоналот на хотелот пријавил „агресивен маж под дејство на дрога или алкохол“ в полиција. Лекарите потоа можеле само да констатираат смрт, соопшти полицијата.
Засега нема информации дали пејачот паднал случајно или намерно.
Британскиот пејач и текстописец со име Лијам Џејмс Пејн е роден на 29 август 1993. во Вулверхемптон, Велика Британија. Тој го имаше своето деби како пејач во 2008 година, на аудиција за британската телевизиска серија „Икс фактор“. Откако беше елиминиран од конкуренцијата, тој повторно се појави на аудиција во 2010 година, кога беше ставен во група со уште четворица млади момчиња кои беа основата на англиско-ирскиот поп-состав „Уан дајрекшн“ што стана еден од најпродаваните „момчешки бендови“ на сите времиња.
Покрај Пејн, групата ја сочинуваа Хари Стајлс, Нијал Хоран и Луис Томлинсо. По пет албуми, поп-составот се распадна во 2016 година, а Пејн ја продолжи својата соло-кариера.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак