Loading Video...
Ракомет
26. March 2022 - 19:01
Пелистер го доби дербито против Вардар
Дерби дуелот од 2.коло во плеј-оф конкуренцијата се одигра во СЦ Јане Сандански каде актуелниот шампион Вардар го пречека вице-првакот Еурофар Пелистер.
Во меч исполнет со голема борба бодовите ги освоија Битолчани кои уште на полувремето најавија дека одат на пол плен добивајќи го првиот дел со 12-11.
Токму тој гол предност успеаја да го сочуваат до самиот крај и да го добијат мечот со конечни 24-23.
Со оваа победа сега Пелистер се врати на првата позиција на табелата пред Вардар кој е второ рангиран.
Овој триумф сигурно ќе значи многу за зелено-белите кои во продолжението на плејоф лигата ќе го одиграат возравтниот меч со вардарци пред својата публика во Битола, кон крајот на април месец, а тој дуел се се очекува да се бие директна битка за титулата.
На останатите две средби од ова коло денеска играат, Охрид – Бутел Скопје и Тиквеш – Е. Пелистер 2.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->