Loading Video...
Кошарка
26. March 2022 - 15:39

Пелистер со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата

 
Кошаркарите на бителоски Пелистер со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата.
 
Пелистерци попладнево натпревар од последното 13.коло на регуларниот дел на сезоната, го совладаа тимот на Спарс со 97-90. 
 
 Со ефект од 4 победи и 9 порази битолските зелени ќе завршат во долниот дел од табелата и ќе разигруваат во плеј-аутот за пласман од 11-тото до 14-тото место
 
Затоа пак, македонскиот шампион МЗТ Скопје А. со победата над Борац Бања Лука, има голема шанса да заврши на 1.место на табелата. 
 
Аеродромци кои ќе бидат и домаќини за завршниот плејоф турнир, утре во последниот меч од регуларниот дел ќе играат против екипата на Златибор, а со по победа ќе имаат идентичен скор како словенечкиот Хелиос кој во моментов р прво пласиран, но поради победата во меѓусебниот дуел МЗТ ќе ја освои првата позиција, во пресрет на разигрувањето.