Loading Video...
Ракомет
28. February 2022 - 14:05

Пелистерци отпатуваа за Унгарија на дуел против Татабања

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се во Унгарија каде утре ќе го играат претпоследниот меч од групната фаза во ЕХФ Европската лига. 
 
Пелистерци кои веќе го осигураа своето место во осминафиналето и гостуваат на екипата на Татабања. 
 
„Се подготвуваме за Татабања, веќе ги анализираме и можам да кажам дека се работи за сериозна екипа, иако не обезбедија пласман во следната фаза на ЕХФ Лига Европа. Не смееме никако да ги потцениме, тие се екипа која трча и која има добри индивидуалци кои играат „еден на еден“. Ни останаа уште неколку дена да се подготвиме, но ве уверувам дека ќе играме на победа“, вели  десно крило, Ненад Костески
 
Дуелот од 9.коло во групата Д, меѓу Татабања и Е. Пелистер ќе се игра утре од 18:45 часот.