Loading Video...
Ракомет
28. March 2022 - 18:26
Пелистерци подготвени за гостувањето кај Нексе во 1/8 финалето на Европската лига
Ракометарите на Еурофрм Пелистер утре ги очекува настап на меѓународната сцена и тоа во првата нокаут рунда од ЕХФ Европската лига.
Откако пред два дена забележаа значајна победа над Вардар во трката за шампионскиот трофеј во домашното првенство, ракометарите на Еурофарм Пелистер утре гостуваат кај Нексе во првиот меч од осминафиналето.
Иако во Нашице со екипата отпатува и капитенот Јосип Периќ, тој сеуште е неизвесен за настап на утрешниот меч.
- Како против Вардар така и против Нексе треба да одиграме со истата енергија и желба и да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат за реваншот. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство - вели тренерот на пелистерци Жељко Бабиќ.
Дуелот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер ќе се игра утре со почеток од 18 часот и 45 минути, додека реваншот во Битола на програмата е на 5 април во истиот термин.
Подобриот од овој двомеч во четбвртфиналето ќе игра со победникот од дуелите меѓу шпанскиот тим Бидасоа Ирун и данскиот состав ГОГ Гудме.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->