Loading Video...
Кошарка
15. December 2021 - 18:28
Пелистерци против непоразениот Борац ќе ја бркаат втората победа во АБА 2 лигата
Во Сараево каде се одржува третиот турнир од АБА2 лигата вечерва ќе настапат кошаркарите на Пелистер.
Битолчани кои во понеделникот несреќно загубија од Широки со 83-82, вечерва од 21 часот ќе го играат натпреварот против Борац од Бања Лука.
Пелистерци ќе имаат тешка задача да ја прекинат низата на порази во АБА2 и да стигнат до својата само втора победа во ова натпреварување, во кое пак МЗТ Скопје Аеродром веќе забележаа четири победи, откако вчера беше подобар од словенечкио Хелиос со 94-88.
МЗТ утревечер против екипата на Спарс од Сараево, ќе го игра својот дуел од 6.коло, а во седмото Пелистер за противник ќе го има Златибор во петок, додека во самота МЗТ ќе игра против Ловќен.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->