Loading Video...
Ракомет
23. February 2022 - 2:35
Пелистерци со победата над Кадетен се зацврстија на второто место на табелата
Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа важна победа во трката за втората позиција на табелата во ЕХФ Европската лига.
Пелистерци пред својата публика во Битола ја совладаа швајцарската екипата на Кадетен Шафхаузен со 27-26, а во рамките од 8.коло на Д групата. Jосип Периќ со седум постигнати голови беше најефикасниот играч на пелистерци.
„Одигравме една вистинска шаховска партија. Физички, беше тежок натпревар, но мислам дека добро бевме подготвени и ментално и тактички. Го контролиравме натпреварот шеесет минути, покажавме добар карактер.
Во последните минути нашиот голман беше клучен и ни донесе победа и бодови. Демонстриравме дека сме добар тим и дека растеме од меч во натпревар“, изјави по мечот Периќ
Со овој триумф зелено-белите се зацврстија на втората позиција на табелата со 10 бодови само еден помалку од лидерот Ним кој вчера загуби во атина кај АЕК. На третата позиција е Спортинг со бод помалку од Пелистер.
До крајот на групната фаза преостануваат уште две кола. Битолчани прво гостуваат кај Татабања, па дома го чекаат АЕК Атина.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->