Македонија
2. March 2022 - 20:03

Пендаровски: Украина не е далеку од Северна Македонија, треба да бидеме внимателни

Претседателот Пендаровски вечерва во гостувањето во Тема на денот на Сител појасни дека Украина не е далеку од Северна Македонија, со оглед на сигналите за проширување на украинската криза.

-Гледаме дека кризата не е толку далеку да се прошири. Денес видовме како белорускиот претседател Лукашенко на една презентација на зоните ја покажува Молдавија, Бугарија има водна граница со Украина. Треба да бидеме внимателни, рече Пендаровски.