Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 28-годишна жена, осомничена дека при семејно насилство се обидела да ја убие бабата на својот сопруг, со која живееле заедно.
Според Обвинителството, инцидентот се случил на 15 август во дом на улицата „Борис Бојаџиски“. Осомничената влегла во собата каде што одмарала 88-годишната жена, ја заклучила вратата, седнала врз неа и ѝ ставила перница на лицето, при што ја удирала и по главата.
Нападот престанал откако осомничената помислила дека жената починала. Потоа му кажала на сопругот, кој повикал полиција. Повредената била пренесена во болница со повреди на главата и вилицата и хематоми.
Жената се сомничи за обид за убиство при семејно насилство, а Обвинителството побарало да ѝ биде определен притвор поради опасност од повторување или довршување на делото.
Ново на Сител
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
-

„Волстрит џурнал“: Трамп го поддржува Венс за директни разговори со Резаи
