Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод

Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
-Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека останува да се допрецизираат уште некои детали, но дека генерално веќе постои разбирање меѓу двете страни.
Портпаролот на Кремљ не соопшти прецизен рок за реализација на овој проект.
-Сè уште нема целосна јасност околу роковите. Ова сепак е комерцијална информација. Но, и ова е доволно големо постигнување – нагласи тој.
МИА
Ново на Сител
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
