Песков: Русија нема добиено официјален став од Индија дека одбива да ѝ се испорачува руска нафта

Русија не добила официјални пораки од Индија за одбивањето на испораките на руска нафта и има само јавни изјави за оваа тема – изјавија денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и рускиот вицепремиер Александар Новак коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија руските медиуми.
„Досега не сме слушнале никакви изјави од Њу Делхи за ова прашање“, рече Песков на брифинг кога беше прашан дали Индија одбива да купува руска нафта.
Според него, Москва засега гледа само јавни коментари, без официјален став од индиската страна.
Изјавата следуваше по вчерашната најава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, по разговорот со индискиот премиер Нарендра Моди, објави дека Индија одбива да купува руска нафта. Трамп исто така објави договор за нови билатерални трговски услови меѓу САД и Индија, вклучително и намерата на Вашингтон да ги намали одмаздничките царини за индиската стока од 25 проценти на 18 проценти.
Индискиот премиер Нарендра Моди ја потврди намерата да ги намали царините, но јавно не потврди одбивање да добива руска нафта.
Рускиот вицепремиер Александар Новак исто така зборуваше на оваа тема наведувајќи дека владата ја следи ситуацијата.
„Гледаме само јавни изјави. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“, изјави Новак пред новинарите.
Тој нагласи дека Русија останува уверена во побарувачката за своите енергетски ресурси на светските пазари. „Општо земено, нашите енергетски ресурси се барани. Понудата секогаш ќе најде побарувачка бидејќи рамнотежата се одржува“, рече Новак.
Трамп исто така тврдеше дека Индија има намера да премине на купување нафта од САД и евентуално од Венецуела, но во моментот руската страна нема официјална потврда за таква промена во политиката на Њу Делхи.
МИА
Ново на Сител
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
