Пет колапси на жештините денес во Скопје, докторите апелираат да не се излегува од 11 до 17 часот

Повеќе од пет случаи на колапс на јавни места, главно кај постари лица, се евидентирани утрово во Скопје, информираат од Брза помош.
Докторите наведуваат дека е зголемен бројот на повици поради високите температури, а помош и совети барале и помлади лица. Најчести симптоми се болки во градите, вртоглавици и општа слабост.
Евидентиран е и случај на жена на околу 37 години на која ѝ се слошило во возило, како и повици поврзани со сообраќајни несреќи. Повреден бил и велосипедист во сообраќајна незгода.
Од Брза помош повторно апелираат граѓаните да избегнуваат излегување во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот. Доколку тоа не е можно, се препорачува лесна облека, капа, внес на доволно течности и избегнување алкохол, кофеин и тешка храна.
Лекарите предупредуваат и дека високите температури можат да ја намалат концентрацијата во сообраќајот, што го зголемува ризикот од несреќи.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
