Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти

Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравстено осигурување (ФЗО). До ФЗО се доставени пет претставки од граѓани и сите се проследени до Стручната комисија. Првиот состанок на министерот за здравство со странските експерти кои треба да ја извршат крајната ревизија се очекува да биде онлајн, а потоа тие ќе пристигнат и во земјава.
- Моментално Комисијата работи, следниот состанок можеби ќе има резултати за првите анализи, а понатаму очекуваме да пристигнат и други материјали кои исто ќе се разгледуват и потоа ревизија ќе прават странски експерти кои ги очекуваме. Очекуваме да се потшише договорт за да дојдат во најскро време. Административна е работата зашто е време на избори, но најдовме наичн да се потпише договорот. Првиот состанок на министерот ќе биде онлајн, а вториот ќе дојдат тука да направт ревизија, изјави заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, одговорајќи на новинарски прашања по денешниот настан по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.
Според Директорот на Фондот за здравстено осигурување, ФЗО е вклучен во работата на Стручната комисија на Министерството за здарвство со два свои претставника.
- Фондот последните денови административно ги провери случаите, бидејќи беа доставени коронарографии кои моравме да ги поврземе со досиеја и пациенти. Кај нас има пет претставки од граѓани, сите се проследени до Стручната комисија. Министерот кажа дека побарал Лекарската комора да направи контроли во сите јавни и приватни здравствени установи, очекувам како стигнуваат материјалите, да се сумираат сите заедно и да се издвојат само проблематичните случаи кои би се дале на суперзвизија на странските доктори за да имаме неутрален и објективен поглед на работите, истакна Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
