Пет загинати и десетина повредени во автобуска несреќа на автопат во Њујорк
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти.
Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани.
Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека автобусот се движел од Нијагарините водопади кон Њујорк.
О’Калаган рече дека возачот на автобусот, кој се движел со „полна брзина“, ја изгубил контролата и удрил во заштитна ограда, предизвикувајќи превртување на возилото. Некои патници биле исфрлени од своите седишта, додека други биле заробени во остатоците од возилото.
Во несреќата не биле вклучени други возила.
Властите го затворија автопатот во двата правци по несреќата.
МИА
Ново на Сител
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск