Петиција против одлуката на НАСА за откажување на „ВИПЕР“

Набргу по одлуката да го откаже проектот за месечевиот приземјувач „ВИПЕР“ поради буџетски кусоци, американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА се најде под притисок „да го врати во живот“ и да го спроведе тој потфат до крај.
Станува збор за напреден ровер познат како „Volatiles Investigating Polar Exploration Rover“ („VIPER / ВИПЕР“), којшто требаше да полета следната година. Сепак, проектот беше откажан иако роверот беше целосно завршен и во фаза на тестирање, што значи дека неговото лансирање на Месечината се приближуваше. НАСА инвестираше 450 милиони долари во развој на роверот, но на крајот реши да го oткaже бидејќи, наводно, го надминувале буџетот и, со тоа - ги загрозувал другите мисии поврзани со истражувањето на Јужниот Пол на Месечината.
Сепак, се чини дека „ВИПЕР“ не е дефинитивно „мртов“. Околу 4.500 американски истражувачи минатиот месец потпишале петиција за „оживување“ на проектот „ВИПЕР“. Во писмото испратено до Конгресот на САД, тие бараат да се поништи одлуката на НАСА.
- Постои општо чувство на загриженост во врска со оваа одлука што навистина нема смисла, рече Џек Кирали, истражувач.
„Одлуката за откажување на проектот во оваа фаза по потрошени 450 милиони долари е без преседан и не може да се оправда“, се вели меѓу другото во писмото.
Инаку, роверот требаше да слета на Месечината пред астронаутите... Неколку земји, вклучително и Кина, се во трката за истражување на тоа подрачје, со цел, меѓу другото, и воспоставување месечева база во догледна иднина.
И комерцијалните вселенски компании во САД би можеле да помогнат да се одржи „ВИПЕР“. НАСА веќе е во контакт со некои од нив, меѓу коишто е и „Интуитив машинс“ (Intuitive Machines) од Хјустон. Последнава привлече внимание со делумно успешното слетување со вселенското летало „Нова-Ц“ (Nova-C) на Месечината на почетокот на оваа година. Компанијата предлага да се користи поголемиот приземјувач „Нова-Д“ за пренос на роверот „ВИПЕР“ до Месечината, а лансирањето би можело да се случи кон крајот на 2026 година или средината на 2027 година.
Но, пред лансирањето, потребни се околу 100 милиони долари повеќе, за тестирање и копнени проби.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
