Loading Video...
Македонија
19. December 2021 - 21:16

Петков доаѓа во Македонија по изборот на новата Влада

Бугарскиот премиер ќе дојде во Македонија кога ќе биде избран новиот премиер за да се договори за работните групи. Кирил Петков во интервју за БТВ истакна дека сака 5 групи кои ќе се среќаваат еднаш месечно. Прво нешто што смета дека треба да се направи е да се промени реториката за спорот.

Министерот за надворешни, Османи е убеден дека спорот може да се реши во јануари а за шест месеци Македонија да ги испорача резултатите. Османи во интервју за бугарска НОВА ТВ рече дека очекува договор следниот месец а во однос на барањата од Бугарија за јазикот, тој вели ставот на Македонија останува ист.

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин смета дека ЕУ треба да преземе мерки за да спречи дестабилизација на Македонија. Во овој момент вели е важно да се создаде можност за помирување меѓу двете земји.

Време е Македонија да испрати амбасадор во Софија кој ќе помогне да се забрза процесот на постигнување договор меѓу двете земји, смета словенечкиот амбасадор. Амбасадорот Предан вели доколку се смени пристапот како што најавил бугарскиот премиер, па наместо историја во фокусот да биде иднината, инфраструктурата, култура, образование тогаш шансите се поголеми. 

Најавите се дека е можно и поактивно вклучување на францускиот претседател Емануел Макрон во процесот, со оглед на тоа дека Франција од 1 јануари е претседавач со Унијата.