Петков и Мицотакис ќе ја отворат Интерсистемска гасна врска помеѓу Грција и Бугарија

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна посета на Грција, каде на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, ќе учествува на официјалната церемонија по повод завршувањето на изградбата на Интерсистемска гасна врска Грција-Бугарија (ИГБ) во областа на градот Комотини, јави дописникот на МИА од Софија.
На церемонијата ќе присуствува и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов.
Интерконекторот е од големо значење за енергетската независност и безбедност на Бугарија. Со ИГБ Грција-Бугарија ќе ги поврзе мрежите за пренос на гас на двете соседни земји, со што Бугарија ќе добие пристап до Јужниот гасовод и до голем број нови извори на природен гас.
Преку овој интерконектор ќе може да биде доставуван со бродови од САД и од земјите од Персискиот Залив, како и од источниот Медитеран. Капацитетот на ИГБ помеѓу Грција и Бугарија може да се зголеми на пет милијарди кубни метри. На овој начин, според голем број енергетски експерти, интерконекторот добива регионално значење за енергетската безбедност на Балканот, бидејќи преку него може да се снабдува со гас Северна Македонија, како и Романија и Србија.
Реализацијата на проектот, почна пред речиси 12 години.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
