Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026

Составот на македонската репрезентација која ќе настапи на Зимската олимпијада претрпи измени. На местото на Мирко Лазаревски, во Италија ќе патува Виктор Петков.
За промената информираат од Македонскиот олимписки комитет.
– Во интерес на објективното и вистинито информирање на граѓаните и спортската јавност, а со цел да се испочитува во целост законската процедура која не обврзува, ја пренесуваме официјалната информација доставена од страна на Националната анти-допинг организација (НАДО МКД) во врска со промената во олимпискиот состав за претстојните Зимски олимписки игри.
Врз основа на официјалниот извештај (Test Report) пристигнат од акредитираната лабораторија во Seibersdorf, Австрија, во еден од двата примероци утврдено е присуство на забранети средства кај спортистот во алпско скијање. Како резултат на строго и прецизно пропишаната процедура на WADA, до конечна потврда на наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот и се активира механизмот на замена од претходно утврдената листа на потенцијални кандидати („long list“). Согласно овој официјален систем на рангирање, следен спортист со исполнета олимписка квота е Виктор Петков, кој по процедурален пат станува дел од официјалната делегација, стои во соопштението на МОК.
Зимските олимписки игри Кортина Милано 2026 ќе се одржат од 6 до 22 февруари.
МИА
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
