Македонија
18. August 2025 - 15:39

Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар

Две возрасни лица и три деца се повредени од кои едно дете на деветгодишна возраст се здобило со тешки телесни повреди при сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 10 часот во ОВР - Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Гостивар, кај село Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К., 44-годишно лице од село Стрелци, Кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П., 47-годишно лице од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј., на возраст од 39 години од Скопје, се наведува во соопштението.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, а со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д., 44-годишно лице од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П., на возраст од 46 години од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од село Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар - Кичево. 

Известен бил јавен обвинител. Увид извршила увидна екипа од ОВР - Кичево.

 

МИА