Македонија
13. November 2023 - 17:07

Петрушевски и Костовски со различни ставови, дали пратеник може да одговара за изјава во Собранието

Двајцата пратеници кои ги скара пресудата на кумановскиот суд заради искажано мислење од собраниската говорница, денеска во Законодавниот дом, ги соочија ставовите за одлуката на судот. Застанати зад говорницата во прес-центарот аргументираа дали дали може и во кој случај пратеник може да одговора за кажаното во рамки на работата на Собранието.

Според осудениот Петрушевски, одлуката е незаконска бидејќи Уставот но и законот за пратеници исклучувале одговорност за се што се говори во Законодавниот дом.

Според пресудата, Петрушевски треба на својот колега од опозицијата да му плати две и пол илјади евра за предизвикана душевна болка бидејќи од собраниската говорница кажал дека зел канадски пасош за да се спаси од затвор, а земал и пари за вработувања на лица во градската администрација. Костовски не го засега тоа што пресудата која е во негова корист ќе се најде под лупа на Судскиот совет и Судот за човекови права во Стразбур. Вели, тоа е придобивка на демократијата. Тужел според Законот за граѓанска одговорност.

На пресудата се потпиша кумановскиот судија Неџат Мемети. Претседателката на судот која денеска даваше свечена заклетва ги одбегна новинарските прашања за случајот. Во писмено известување, судот напиша дека не се коментираат судските одлуки, а дали судијата прекршил закони, надлежност да испитуваат имале други институции.