Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска објави на својот профил на Икс дека не разбира на основа на какво иранско злосторство американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран не треба да ги користи своите нуклеарни права.
„Трамп вели дека Иран не треба да ги користи своите нуклеарни права, но не кажува врз основа на какво иранско злосторство. Кого претставува тој во светот кога се обидува да го лиши Иран од неговите законски права? Мораме да бидеме внимателни да не изгледа за светската јавност дека воено подбуцнуваме. Ние се браниме. Се обидуваме да ја завршиме војната со достоинство“, објави Пезешкијан на својот профил на Икс.
Иранскиот претседател претходно оваа недела порача дека ниедна сила во светот не може да го присили иранскиот народ на покорност.
„Иран не сака војна и нестабилност туку секогаш ја нагласувал важноста на дијалогот и конструктивната интеракција со сите земји во светот. Меѓутоа, секој обид да се наметне каква било волја врз нашата земја или обиди да се принуди Иран да се предаде е осуден на неуспех. Иранската нација никогаш нема да попушти пред таквите обиди“, истакна Пезешкијан, пренесе иранската државна телевизија ТВ Прес.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
