Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 14 јануари во дом во скопската населба Гази Баба, каде што оштетената привремено престојувала. Осомничениот, кој бил во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал својата партнерка, удирајќи ја по главата и телото, ја давел за вратот и ѝ се заканувал со нож, замавнувајќи кон неа.
Жената била спасена од двајца потстанари во истата куќа, кои ја извлекле од просторијата и повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска.
Основното јавно обвинителство Скопје предложил на осомничениот да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции
-

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги
-

Без струја дел од Центар и Аеродром
-

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
