Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 14 јануари во дом во скопската населба Гази Баба, каде што оштетената привремено престојувала. Осомничениот, кој бил во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал својата партнерка, удирајќи ја по главата и телото, ја давел за вратот и ѝ се заканувал со нож, замавнувајќи кон неа.
Жената била спасена од двајца потстанари во истата куќа, кои ја извлекле од просторијата и повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска.
Основното јавно обвинителство Скопје предложил на осомничениот да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.
МИА
Ново на Сител
-

Касаи ќе се натпреварува на 54 години
-

Јокиќ останува уште надвор од теренот
-

„Евровизија 2026“: Израел ќе се натпреварува и покрај бојкотот на противниците
-

Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев
-

Американски конгресмен поднесе предлог-закон Гренланд да стане 51-ва сојузна држава на САД
-

Во Берово - 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег
-

Американски сенатор поднесе тужба против Пентагон и министерот за одбрана Хегсет
-

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
