Македонија
25. August 2026 - 14:35

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.М.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 41-годишна поранешна сопруга.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.