Планетарна линија на небото деновиве

На ноќното небо оваа недела, седум планети ќе се порамнат во линија, создавајќи тн. „планетарна парада“. Тоа ќе биде кратка, но како и секогаш – атрактивна можност.
Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран ќе може да се видат на ведро небо, но не сите планети ќе можат да се видат со голо око, според стручњаците. За подобар поглед, одберете место со ведро небо, минимално светлосно загадување и јасен поглед на хоризонтот. „Парадата“ први ја видоа граѓаните на Јапонија – на 22 февруари, а како што пишува „Стар вок“ (Star Walk), Американците од Њујорк на пр., имаа најдобар поглед вчера – 25 февруари. Во другите делови на светот, феноменот ќе се гледа до почетокот на март. За најдобра видливост, познавачите велат оти треба да се чека зајдисонцето.
Како се гледа „планетарната парада“? Според НАСА, без телескоп се гледаат: Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. За да се видат Уран и Нептун, ќе треба со телескоп.
Марс изгледа црвеникаво и високо на небото, во близина на соѕвездието Близнаци. Јупитер е малку пониско на небото, близу соѕвездието Бик, а Венера ќе се појави како најсветлата планета на небото, кај Риби. Меркур ќе биде кај Водолија, во близина на Сонцето и веднаш над западниот хоризонт. Сатурн, исто така, ќе биде близу Сонцето и ниско на хоризонтот.
„Накусо, ова не е настан што се случува ‘еднаш во животот’, но овие планетарни паради нудат невообичаена можност да погледнеме нагоре и да го цениме нашето место во Сончевиот Систем, со разновиден свет поставен ширум небото пред нашите очи“, вели НАСА на својата страница.
Надвор од планетарните порамнувања, можно е да се забележат планетите поединечно. Марс, Јупитер и Сатурн често се гледаат на ноќното небо, известува американската Национална воздухопловно-вселенска администрација.
Ново на Сител
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
