Пластичен хирург ѝ ги зголемил градите на Шерон Стоун без нејзина согласност
Пластичен хирург ѝ ги зголемил градите на Шерон Стоун без нејзино знаење и согласност, објави самата таа во новата автобиографска книга. Кога глумицата се разбудила по операција за отстранување на бениген тумор од градите 2001 година, како што пишува, нејзините гради се зголемени затоа што докторот „одлучил дека таа ќе изгледа подобро со поголемо торзо“.
Шерон Стоун, која е во седмото десетлетие од животот, натаму додава и дека, таа големина била „посоодветна на нејзините бутини“ – според докторот. „Тој го смени моето тело без мое знаење и без моја согласност!“, пишува таа.
Овој случај е само една од повознемирувачките приказни во нејзината книга „Убавината на животот двапати“. Актерката натаму раскажува и како таа и нејзината сестра Кели, како деца, биле сексуално злоставувани од нивниот дедо Кларенс Лосон, со кого двете девојчиња биле затворени некое време. Лосон починал кога Шерон Стоун имала 14 години.
„Ме обзеде чудно задоволство од тоа дека тој конечно умре. Ми падна камен од срце. Ја погледнав Кели и таа разбра – таа имаше 11 години и така тоа заврши”, се потсеќа Шерон.
Глумицата исто така, тврди дека била измамена за да ја соблече долната облека за познатата сцена со испрашувањето, во трилерот „Основен инстинкт“. Таа пишува дека ѝ рекле дека „белата долна облека одбива светлина“ и ја увериле дека нејзината вагина нема да ѝ се гледа. Последната верзија на филмот го покажува спротивното… „Не сама со режисерот, како што може да се претпостави, туку во просторија полна агенти и адвокати, од кои повеќето немаат никаква врска со проектот”, раскажува таа натаму.
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
