Пленарна конференција на Националната конвенција за ЕУ

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи 8. Пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК) под мотото „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“.
Како што информираат организаторите, на конференцијата фокусот ќе биде на иницијативите на ЕУ за зајакнување на регионалната интеграција на Западниот Балкан, особено преку Планот за раст и потребата од усогласени политики и засилена реформска динамика.
Воведно обраќање ќе има претседателот на Собранието, Африм Гаши, а ќе учествуваат пратеници, амбасадори, високи функционери од министерствата и правосудните институции, претставници од Словачка, Албанија и Србија, академици, граѓански организации и работните групи на НКЕУ-МК.
МИА
Ново на Сител
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
