-->
-->
ПМФЛ: Со два натпревари денеска почнува завршното коло од есенскиот дел
-->

Завршното коло од есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде отворено попладнево со натпревари во Скопје и Кавадарци.
Фудбалерите на Тиквеш ја пречекуваат Струга на стадионот во Кавадарци со почеток во 13 часот, а во истиот термин Македонија ЃП во Скопје е домаќин на лидерот Вардар.
Викендов на програмата се дуелите меѓу Башкими – Шкендија (сабота 13, часот), Работнички – Силекс (недела, 13 часот) и Шкупи – АП Брера (недела, 13 часот).
Завршниот натпревар во рамки на 16 прволигашко коло ќе го одиграат Аресими и Пелистер, в понеделник на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 13 часот.
Пред завршното есенско коло, непоразениот Вардар води на табелата со 39 бодови, еден повеќе од второпласираната Струга.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
