-->
-->
ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-->

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево ја победи Брера со 1:0.
Единствениот погодок го постигна Закариќ од пенал во 90+4. минута. Вардар доби удар од 11 метри по интервенција на ВАР судиите, откако Спахиу упати удар кон голот на струмичани, по што топката погоди во рака еден од одбранбените фудбалери.
На првиот денешен натпревар од 23. коло, Струга ја совлада Македонија ЃП со 3:0.
Другите двојки се:
Тиквеш – Шкупи (15 март)
Шкендија – Аресими (15 март)
Силекс – Пелистер (16 март)
Башкими – Работнички (16 март).
Табела: Вардар 58 бодови, Шкендија 52, Струга 50, Силекс 39...
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

ЕУ ги почнува преговорите за укинување на роамингот во Западен Балкан
-

ЕУ поддршка за развој на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија
-

Поради неисплатени субвенции, сточарите се заканија со протести
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
