По 23 години пронајден легендарниот автомобил на Пол Вокер од „Брзи и бесни“ – бил скриен во гаража во Њујорк

Легендарниот зелен Mitsubishi Lancer Evolution VII, кој покојниот актер Пол Вокер го возеше во филмот „2 Fast 2 Furious“ од 2003 година, наводно е пронајден по речиси 23 години во гаража во Њујорк.
Автомобилот, кој стана еден од најпрепознатливите симболи на популарниот филмски серијал „Брзи и бесни“, со години бил далеку од очите на јавноста, а неговата судбина била непозната за многумина.
Откритието го објавил колекционерот Габриел Тремблеј, кој стои зад проектот „The Furious Garage“, посветен на пронаоѓање и зачувување на автомобили од познатата филмски серијал.
Според неговите тврдења, станува збор за оригиналниот „Hero 1“, односно еден од главните автомобили користени при снимањето на филмот, во кој Пол Вокер го толкуваше ликот на Брајан О'Конер.

Препознатлив по впечатливата зелена боја, сините графики и големиот заден спојлер, Mitsubishi Evolution VII стана вистинска автомобилска икона по премиерата на филмот пред повеќе од две децении.
По пронаоѓањето, започнати се активности за реставрација на возилото, со цел да му се врати оригиналниот изглед од филмот. Планирано е автомобилот повторно да биде претставен пред јавноста на автомобилската манифестација FuelFest во Тампа, Флорида.
Веста предизвика голем интерес кај љубителите на автомобили и обожавателите на Пол Вокер, кој загина во сообраќајна несреќа во ноември 2013 година, на 40-годишна возраст.
Ново на Сител
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот
