По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон
Повеќе од 60 пливачи од земјава и од странство ќе учествуваат на годинашниот Илинденски пливачки маратон што по 45-ти пат утре ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Пливачите на маратонот во должина од 2,5 километри ќе бидат поделени во две категории и тоа од 8 до 15 години и оние постари од 16 години, со старт од кај плажата Горица 1 во 10:30 за помладите и 11:30 часот за постарите пливачи.
Целта ќе биде на Кејот на Охридското Езеро кај Градското пристаниште во Охрид, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартот.
Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.
Инаку, Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
Ново на Сител
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
