Македонија
30. March 2026 - 21:10

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист

Комплексот на МВР и охридскиот аеродром „Св Апосол Павле “ веќе не се дивоградби. Целосно е завршена легализација и од декември лани веќе имаат имотен лист како објекти во сопственост на државата. Иако комплексни, постапките се завршени за неколку месеци, вели првиот човек на Катастар, Иван Живковски. 

По децении нерегулиран статус и охридскиот аеродром СВ Апостол Павле доби имотен лист, потврдија од Министерството за транспорт. Легализацијата на аеродромот беше услов да се започне со проектот за негова реконструкција, проширување и надградба .

Министерството за транспорт во декември 2025 година ја заврши постапката за утврдување на правен статус на аеродромот Св Апостол Павле во Охрид. Истиот е запишан во Агенцијата за Катастар на недвижности со намена инфраструктура за аеродроми во сопственост на АД Аеродроми на Македонија и она што е важно, извршено е  услоглсување со урбанистичката планска документација за тоа подрачје. 

Завршена е постапката за впишување и на паркингот на Клинички, а во тек е легализација на објект на министерството за одбрана во Ресенско и браната кај Ѓавато. 

По повеќе од 30 години битка сама со себе државата доби имотни листови за седумте државни вили во Скопје и Охрид. Претседатели и премиери изминатите 30 години престојувале во негализирани објекти. 

Државата нема евиденција колку државни објекти се дивоградба, ниту колкава површина опфаќаат. Немањето на имотен лист ги прави правно нерегулирани, а тоа дополнително  спречува и нивно одржување или користење. Ова е долгогодишен проблем од осамостојувањето .

Според последните информации од СОЗР, најголем предизвик остануваат земјиштата кои се водат како имот на Службата, за кои нема никаков документ. Иста е состојбата и со објектите на одбрана, касарни и сл, кои припаднале на користење по заминувањето на ЈНА.