По две победи за домашните и гостинските екипи во Евролигата
По две победи забележаа домашните и гостинските екипи на првите четири средби од 25.коло во Евролигата.
Предноста на домашниот терен ја искористија минхенски Баерн кој го совлада макаби со 18 поени разлика, односно второ пласираната на табелата Барселона која го декласира Панатинаикос со 26 поени разлика
СО идентични 11 поени разлика победа на гостински терен остварија Монако кој во Белград ја совлада Црвена Звезда со 91-80, односно Фенербахче која ја прекина серијата од пет победи на Армани Милано и тоа со победата од 71-60.
Денеска на на програмата се пресотанатите пет средби од оваа рунда, од која веќе се играат две средби и тоа во Москва и Истанбул, додека подоцна започнуваат дуелите во Литванија и Шпанија,
ЕВРОЛИГА 25 КОЛО
ЧЕТВРТОК
БАЕРН МИНХЕН МАКАБИ 70 – 52
БАРСЕЛОНА ПАНАТИНАИКОС 86 – 60
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА МОНАКО 80 – 91
АРМАНИ МИЛАНО ФЕНЕРБАХЧЕ 60 – 71
ПЕТОК
ЦСКА МОСКВА АЛБА БЕРЛИН ВО ТЕК
АНАДОЛУ ЕФЕС АСВЕЛ ВИЛЕРБАН ВО ТЕК
ЖАЛГИРИС УНИКС КАЗАН 19:00 ч.
БАСКОНИЈА ОЛИМПИЈАКОС 20:30 ч.
РЕАЛ МАДРИД ЗЕНИТ 20:45 ч.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар