Loading Video...
Кошарка
16. July 2022 - 16:01

По поразот од Германија македонските кошаркарки ќе играат за 7.место во „Б“ дивизија на ЕП во Скопје

Женската младинска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 20-години ќе разигрува за 7.место во Б дивизијата на ЕП што се одржува во Скопје. 
 
По вчерашниот пораз од Словенија во четвртфиналето, денеска нашите кошаркарки се поразени и од Германија со 87:44 во дуелот за разигрување за пласман.
 
По овој пораз, за нашите младинки останува да го одиграат уште утрешниот меч за пласман на седмото место на првенството.и тоа со поразениот од дуелот кој следи меѓу Грција и Норвешка.
 
Инаку за медалите ќе се борат, Турција и  Словенија односно Израел И Црна Гора, селекции кои попладнево ќе ги играат дуелите од полуфиналето