По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити

Министерството за финансии ссоопшти дека спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.
Вонредниот надзор е спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи, наведуваат од МФ.
Министерството за финансии укажува дека спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. Притоа од јули 2024 година има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.
Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли.
Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги.
При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.
Надзорот и засиленото следење на работењето на финансиските друштва, продолжува и во иднина, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги.
Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: prijavafd@finance.gov.mk.
МИА
Ново на Сител
-

Британците од идната година ќе можат да купуваат автомобили преку платформата на „Амазон“
-

По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити
-

Во Белград уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Вучиќевиќ
-

Реал со пресврт до убедлив триумф над ПСВ Ајндховен
-

Српски државјанин осомничен за криумчарење 5.000 штеки цигари преку ГП „Богородица“
-

„Matto Napoletano“ во трка за најдобра пицерија во светот – еве како да ја поддржите
-

„Панини“ и „Рокстар“ ги здружија силите – љубителите на ГТА VI ќе можат да собираат сликички
-

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
