Македонија
14. April 2026 - 16:33

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан

Победата на Петер Маѓар во Унгарија за регионот значи победа над руските и кинеските интереси во регионот, кој припаѓа на Европа, вели опозиционерот Филипче. Тој во смената на власта во Будимпешта гледа шанса да побара ревизија на договорите и инвестициите што ги има склучено владата на Мицкоски со досегашната унгарска влада.

Коментира дека Орбан, токму со помош на актуелната власт, ја користел Македонија како приватна колонија за своите политички и финансиски интереси.

Премиерот Мицкоски, пак, ја честиташе победата на Маѓар и изрази очекување за проевропска политика. Тој нагласи дека соработката со Орбан била блиска, но додаде дека нема ништо тајно во досегашните инвестиции и унгарскиот кредит.

Филипче бара и екстрадиција за поранешниот премиер Груевски. Мицкоски пак, вели дека судбината на Груевски е во рацете на унгарските власти, но доколку се врати во земјава, ќе се спроведе осудителната пресуда.

Мицкоски го потсети Филипче дека партијата на Маѓар припаѓа на Европските народни партии, каде членува и ВМРО-ДПМНЕ.