Loading Video...
Ракомет
17. February 2022 - 12:37

По седум порази во низа, конечно триумф на Вардар во Лигата на шампионите

По пауза од речиси пет месеци ракометарите на Вардар конечно се радуваа на победа во елитната Лига на шампиони  Вардарци славеа победа на гостувањето во Франција кај тимот на Монпелје со 28-25 во меч од 11.коло на А групата. 
 
Предводени од одличниот на голот Мартин Томовски кој имаше 14 одбрани, додека во нападот се истакнаа Њокас со пет, а Стоилов и Тото со по ќетири постигнати гола. 
 
„Ова е важна победа за нас по голема борба и среќен сум. Околу мечот, нашата одбрана беше добра, голманите, нападот и задоволн сум од она што го прикажавме во целост против ваков ривал“, изјави по мечот тренерот Дејвис.
 
Ова е прв триумф за вардарци по седунте порази во низа, со што црвено-црните остануваат во игра за местата кои носат пласман во нокаут рундата. 
Вардарци се на шестото место со бод предност од ППД Загреб кој вечерва игра против фаворитот ПИК Сегед. 
 
Токму хрватскиот ривал ќе биде и следниот противник на Вардарци во мечот закажан за во среда (23 февруари) во Скопје. 
 
Во меѓувреме, односно веќе утре (20 часот) црвено-црните ќе го играат натпреварот од СЕХА лигата и тоа на гости против Нексе, тим од кој загубија во Скопје (24-25).