По три децении повлеченост и срам од околината, рансплатацијата на лице му ја врати вербата во живот
40-годишниот Турчин, Туран Чолак го живее својот втор живот. Во несреќа кога имал 3,5 години лицето целосно му било изгорено. Оттогаш повеќе од три децении живеел повлечен во себе, срамејќи се од околината. Неговата животна приказна ја раскажа пред новинарите во Истанбул.
-Сите се плашеа од мене...животот ми беше многу тежок...Бев повлечен, ми беше срам да излегувам од дома...изјави Туран Чолак.
Надежта му се вратила кога дознал дека можел да добие ново лице. Тој е 4-от пациент во Турција на кого му е направена ваква трансплантација од починат донор. Операцијата e извршена пред 5 години на Универзитетската клиника во Анталија и траела 9 часа. Лекарот Фатих Мутлу кој бил дел од тимот вели дека овие хируршки зафати се многу тешки и комплицирани, бидејќи често се случувало да не биде прифатено пресаденото ткиво. Но , интервенцијата кај Туран Чолак била успешна.
-Не можам да поверувам, многу сум среќен, неможам да поверувам, ова е нацистина чудо..., изјави Туран Чолак по трансплантацијата.
Тој добил лице од 19- годишно момче кое имало мозочна смрт. Решил да го посети семејството на починатиот донор и да се заблагодари на неговите родители за хуманоста .
-Тоа е лицето на мојот починат син, исто како да го допирам него, изјави мајката на донорот.
По трансплантацијата, Туран Чолак кој е од турскиот град Измир си нашол и животна сопатничка. А љубовта ја крунисале со свадба.
Стенд- Турција е единствената држава во поширокиот регион каде се прави трансплантација на лице. Во Македонија засега единствено се врши само пресадување на бубрег и од жив и од починат донор.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
