Loading Video...
Кошарка
19. October 2022 - 11:31

По три победи за домаќините и гостите во дуелите од 3 коло во Евролигата

По три победи остварија домашните и гостинските екипи на шесте среди од 3.коло во Евролигата. 
 
Екипата на Фенербахче го задржа максималниот учинок откако пред своите симпатизери во Истанбул го совлада  Лион Вилербан со убедливи 84:63. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористија Жалгирис и Макаби кои славеа во дуелите со Виртус Болоња и Монако.
 
Најголемото изненадување го приреди Валенсија која на гостувањето кај Анадолу Ефес славеше минимална победа со 92:91
 
Екипите на Баерн и Партизан сеуште се немаат израдувано на победа. Во Минхен, Баерн беше совладан од Барселона 73:84, а во Белград, Партизан загуби од  Олимпија Милано со 75:80
 
Денеска на програмата се преостанатите три средби, во кои се среќаваат: Алба Берлин - Панатинаикос, Басконија - Црвена Звезда и Реал Мадрид - Олимпијакос