По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица

Во Полициската управа во Ваљево се приведени 29 лица, задржани се 15, а против 13 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
За време на вчерашните непријавени собири во Србија, повредени се шест полициски службеници, приведени се 56 лица, задржани се 16 осомничени за насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, а против 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Во Полициската управа за град Белград се приведени 27 лица, задржано е едно лице, а против останатите ќе бидат поднесени прекршочни пријави, пренесува Бета.
Во Полициската управа во Ваљево се приведени 29 лица, задржани се 15, а против 13 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Лесно се повредени шестмина припадници на Жандармеријата.
МИА
Ново на Сител
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
