Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци.
- Да, секако ќе се организираме утре за надзор, вака попладнево одговорија од Државен санитарен и здравствен инспекторат за МИА, во врска со смртта на тригодишно детенце од Кавадарци, чии родители во изјава за МИА рекоа дека бараат да се испита можно постоење на лекарска грешка.
Родителите на момченцето од Кавадарци кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники, ги повикуваат надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нивното детенце.
- Сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете, рече таткото Тони Стојанов во изјава за МИА.
Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното детенце било починато донесено на комплексот клиники ,,Мајка Тереза" во Скопје.
Од полицијата велат дека во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3:00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8:45 часот била констатирана смрт.
Ново на Сител
-

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница
-

84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
-

Трагедија во Прилеп: Починато осумдневно бебе
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
-

Сиљановска - Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес
-

Kартел меѓу над 40 авто-школи, ги усогласиле цените за полагање за возачка дозвола
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
