Loading Video...
Ракомет
9. March 2022 - 17:57

Победа против Елверум за зголемување на самодовербата пред 1/4-финалето со Веспрем

Ракометарите на Вардар пак вечерва го пречекуваат Елверум во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите
 
Иако натпреварот против Елверум е без резултатско значење, барем што се однесува до пласманот на табелата, сепак вардарци најавуваат атак на победа, со кој ќе ја зголемат и својата самодоверба за она што претстои, а тоа е осминафиналната пресметка против унгарскиот Веспрем. 
 
 
Вечерашниот дуел меѓу Вардар и Елверум што ќе се игра во СЦ Јане Дандански ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути, како и натпреварот ПИК Сегед – Монпелје, додека во тек е дуелот меѓу Алборг и ППД Загреб.