Кошарка
10. May 2016 - 19:30

Победи по продолженија за Голден Стејт и Мајами

Шампионот на НБА лигата, тимот на Голден Стејт стигна до третата победа во полуфиналето на Западната конференција откако утринава по петминутно продолжение го совлада Портланд на гостински терен со 132:125 и сега води со 3-1 во победи.

На овој дуел враќање на паркетот имаше Стеф Кари и со 40 постигнати поени покажа дека повредата на коленото не остави трага врз неговата форма.

Продолжение се играше и на другиот ноќешен дуел на кој кошаркарите на Мајами успеаја да го изедначат резултатот на 2-2 во победи во плеј-оф пресметката со Торонто. По 48 минути резултатот беше нерешен 83:83, а во продолжението беше 11:4 за Мајами за конечни 94:87.

Вечерва се игра петтиот меч од полуфиналната пресметка меѓу Сан Антонио и Оклахома Сити. Резултатот во моментот е 2-2 во серијата прв до четири победи.