Победници во двојки на Macedonian Open 2026 се Марковски и Србљак

Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак триумфираа во конкуренција на двојки на годинашното издание на Macedonian Open 2026, откако попладнево во финалето за 79 минути ги совладаа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (7-5, 6-4).
Во првиот сет Марковски-Србљак направија брејк во седмиот гем и поведоа со 4:3, но веќе во следниот гем тенисерите од Бугарија успеаја да израмнат на 4:4. Новиот брејк за македонската двојка во 11. гем им донесе водство од 6:5 во гемови, а сетот го завршија откако го освоија гемот на свој сервис за 7:5.
Во вториот сет повторно во седмиот гем имаше брејк за Марковски и Србљак за 4:3, а потоа и во деветтиот гем направија брејк и сетот го завршија со 6:3 во гемови.
Утре со почеток во 11:30 часот на централниот терен на ТК „Југ“ во Скопје се игра финалето во кое македонскиот тенисер Калин Ивановски за противник ќе го има Украинецот Владислав Орлов.
МИА
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
