-->
-->
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-->

Почетокот на трката за ГН на Австралија, закажан за утре од 5 часот може да биде одложен поради заканата од силен дожд, пренесува „RacingNews365“.
Иако во моментов нема прогноза за невообичаено обилни врнежи кои би можеле да го одложат почетокот на трката, Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) внимателно ја следи ситуацијата и разгледува алтернативни опции.
Тешкотијата е што почетокот на трката не може да се одложи предолго поради раното зајдисонце на Алберт Парк. Трката започнува во 15 часот по локално време, а зајдисонце е во 19:39 часот.
Пол-позицијата за првата трка во новата сезона во Формула 1 шампионатот ја освои Ландо Норис од Мекларен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Борба против корупцијата и меѓу своите редови, најави директорот на Царина
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
