Почина актерката Соња Каранџулоска
На 77-годишна возраст почина Соња Каранџулоска, позната македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, од Македонскиот народен театар, која има словенечко потекло.
-На 25.05.2025 не‘ напушти нашата драга Соња Каранџулоска (1948 – 2025), членка на Словенечкиот центар – Скопје. Беше вистински борец, како на театарските штици и на натпрварите по мечување, така и низ целиот свој живот. Ни беше чест што соработувавме и што оваа година прославата, по повод словенечкиот државен празник на културата, Прешернов ден, ја посветивме на неа и во Младинскиот културен центар - Скопје го организиравме настанот - Вечер со Соња Каранџулоска и пријателите, соопштија од Словенечки центар - Скопје.
Каранџулоска на Факултетот за драмски уметности во Скопје предавала Сценско мечување. Во нејзината богата кариера Соња имала повеќе значајни улоги во театарски претстави, како во Македонскиот народен театар, така и надвор од него: Лиза, Ангелина, Валерија, Паулина, Нора, Рената, Анка, Лезли, Доли, Марија, Клара, Митра, Јокаста, Бетија, Батиша, Жената од Необична жена, Жената од Среќен настан, монодрамата „Клитемнестра“...и многу други.
Ќе биде паметена и по улогите во повеќе ТВ филмови, серии, во Македонските народни приказни, но и по песните и рефрените кои ги испеа на манифестацијата Глумците пеат, каде ја освои публиката со нејзиниот прекрасен глас.
Посмртните останки на актерката Соња Каранџулоска ќе бидат изложени утре, 27 мај, вторник, од 10.45 до 11.30 часот, во црквата Св. Ѓорѓија, во Ченто, а погребот ќе биде во 12.00 часот, на гробиштата Камник - Ченто, Скопје.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена