Почина деветмесечното бебе - институциите проверуваат дали било запоставувано
По десет дена на механичка вентилација, почина бебето болно од туберкулоза. Болеста била во напредна фаза, белите дробови целосно зафатени а вчера откажало и срцето. Лекарите му направиле и реанимација но без успех. 9 месечното бебе откако беше примено во тешка состојба на детска клиника е третирано со кислородна поддршка.
Директорката вели болеста на бебето била во напредна фаза, но не можат да кажат точно од кога било заболено бидејќи не било воопшто лекарски третирано.
9 месечното бебе со брза помош беше пренесено во клиниката во Козле на 24 февруари. Во тешка состојба, неухрането, со тежина од само 3 килограми беше веднаш пренесено на интезивна нега. Пред да биде донесено во скопската клиника, бебето било однесено во болницата во Куманово на детска хирургија за третман на хернија,но оттаму поради сомнеж за туберкулоза го препратиле во Козле. Откако беше констатирана туберкулозата кај бебето, на испитување беа повикани и другите членови на семејството на кои исто така им беше дијагностицирана болеста. Во меѓувреме надлежните служби проверуваат дали бебето било запоставено од родителите.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
