Почина глумецот Денис Вотерман
Британскиот глумец Денис Вотерман, познат по улогите во ТВ-сериите како „Мајндер“, „Свини“ и „Нови трикови“, почина вчера. Тој имаше 74 години.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Денис почина мирно во болница во Шпанија. Тој почина вчера попладне, а покрај него беше неговата сопруга Пем. Семејството љубезно бара да се почитува нашата приватност во ова многу тешко време за нас“, соопшти неговото семејство.
Роден е во Лондон и образованието го добил во Театарската школа „Краун“. Вотерман ја почна својата кариера како дете, па на 12-годишна возраст е поканет да ѝ се приклучи на Кралската трупа „Шекспир“ во Стратфорд. Во своите тинејџерски години, тој се прослави во остварувањето „Само Вилијам“ на Би-би-си.
Денис Вотерман својата слава ја стекна во 1970-тите кога го глумеше наредник Џорџ Картер во полициската драма „Свини“. Глумеше и во 90-на други филмски и ТВ-проекти.
Ново на Сител
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
-

Министерката Јаневска на увид на градежните работи во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје
-

Варирањето на нивото на Охрдиското Езеро остава последици врз растителниот и животинскиот свет
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
