Почина Костадинка Велковска

Големата хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка со македонско потекло Костадинка Велковска почина во неделата на 76-годишна возраст.
Угледната актерка почина во неделата во пензионерски дом. Простувањето ќе биде во четврток, 14 март 2024 година во 14 часот во крематориумот на Мирогој, потврдија за Индекс.хр.
Тешкиот мозочен удар бил кобен за актерката во јули минатата година, од кој не успеала целосно да се опорави. Во тоа време била на интензивна нега во КБЦ Загреб.
Костадинка беше хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка со македонско потекло, а пееше и шансони на хрватски, македонски, француски, германски и италијански јазик, а зад себе има богата кариера. Глумеше во сериите „Забранета љубов“, „Засекогаш соседи“, „Нашата мала клиника“, „Не се откажувај, Нина“, „Дар Мар“, „Битанги и принцези“… Имаше улоги и во филмовите „Процесот на бомбардирање“, „Браво маестро“, „Последниот подвиг на саботерот Облак“, „Јазол“, „Духот на баба Илонка“ и многу други.
Нејзината прва телевизиска улога беше во серијата „Неосвоен град“, ТВ Загреб од 1982 година, а последна улога беше Розалија Црнчевиќ од серијата Дар мар од 2021 година.
Во приватниот живот ја следеа големи трагедии и загуби. Нејзината сестра, која исто така живеела во Загреб, починала на 21-годишна возраст во несреќа. Се мажела четири пати, но никогаш не ја изгубила вербата во љубовта.
Ново на Сител
-

Лариџани: Иран нема да преговара со САД
-

Трагедија во Иран: Паднала бомба среде натпревар и загинаа 20 одбојкарки
-

Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија
-

Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад
-

Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг за помалку од два месеца
-

Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени
-

Нова тура ирански напади врз државите во Заливот, експлозии и сирени во Доха, Дубаи, Абу Даби и Кувајт
-

Трамп: Сите потенцијални наследници на Хамнеи се мртви
