Почина Марк Холис, фронтмен на групата „Ток ток“

Марк Холис, фронтмен на пост-рок бендот „Ток ток“ (Talk Talk), почина на 64-годишна возраст, објавија британски медиуми.
Холис е заслужен за хитовите кои во 80-тите ја прославија групата „Ток ток“, како што се „It’s My Life“, „Such a Shame“, „Today“ и многу други.
Веста за неговата смрт ја објави на Твитер неговиот роднина Ентони Костело.
– Почивај во мир, Марк Холис. Роднина. Прекрасен сопруг и татко. Еден фасцинантен и принципиелен човек. Се повлече од музичката сцена пред 20 години, но е неопислива музичка икона, напиша Костело.
Од Холис на Инстаграм се прости и басистот на „Ток Тлк“, Пол Веб.
– Многу сум шокиран и тажен поради веста за смртта на Марк Холис. Беше музички гениј и беше чест и привилегија да се биде во група со него. Не сум го видел Марк со години, но како и многу музичари од нашата генерација, на мене длабоко влијаеја неговите револуционерни музички идеи, напиша Пол.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“, родителите ја напуштија судницата
-

Во Источна Македонија најмногу потрошувачка на лекови на рецепт
-

Жените во Тетово ќе се капат во посебни термини во градскиот базен
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
